домаМакедонијаМуцунски на средба со Француската бизнис-конфедерација: Секоја нова странска инвестиција е придонес...

Муцунски на средба со Француската бизнис-конфедерација: Секоја нова странска инвестиција е придонес кон економскиот раст и создавање услови за одржлив развој

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст.

Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на економскиот развој и инвестициите, при што ја нагласил подготвеноста на институциите да бидат силен и сигурен партнер на сите компании што сакаат да инвестираат и да придонесат кон економскиот развој на државата.

– Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности и создавањето услови за одржлив развој. Претставниците на Француската бизнис-конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошна соработка и нови инвестиции, а со тоа и за дополнително зајакнување на економските односи меѓу двете земји – нагласува Муцунски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img