домаМакедонијаМуцунски иницира официјална средба со Петрова Чамова

Муцунски иницира официјална средба со Петрова Чамова

- Advertisement -spot_img

Македонија повторно ја отвора дипломатската линија со Софија, овојпат во обид директно да се расчистат блокадите што со години го кочат патот кон Европската Унија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски иницирал официјална билатерална средба со новата бугарска министерка за надворешни работи Велислава Петрова, која треба да се одржи за десетина дена во Шведска, на маргините од состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО.

Поканата доаѓа во чувствителен момент, веднаш по дипломатската непријатност во Брисел, кога Петрова јавно соопшти дека имала официјална средба со Муцунски, иако, според македонската страна, станувало збор само за кратко запознавање. Дополнителен револт во Скопје предизвика и нејзиното обраќање со терминот „северномакедонци“, по што Министерството за надворешни работи испрати протестна нота до Софија.

И покрај тоа, Муцунски вели дека комуникацијата не смее да запре.

„Колку и да имаме различни позиции, дијалогот е неопходен. Разговорите не значат отстапки, туку обид за решавање на проблемите“, порача министерот, додавајќи дека една од клучните теми ќе бидат, како што ги нарече, „неевропските услови“ што ѝ се наметнуваат на Македонија во евроинтегративниот процес.

Од бугарска страна засега нема официјален одговор дали средбата ќе се реализира.

Во меѓувреме, политичкиот судир околу европскиот пат повторно се разгорува и на домашната сцена. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека Скопје не треба да ја насочува дебатата кон Софија, туку кон исполнување на условите поставени од Брисел. Според него, идентитетските прашања се веќе затворени со Преспански договор, кој, како што вели, го потврдил македонскиот идентитет и јазик.

Филипче потенцира дека внесувањето на малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско барање.

„Не преговараме со Бугарија, туку со Европската Унија“, порача лидерот на опозицијата, нагласувајќи дека токму Преспанскиот договор ѝ го отворил патот на државата кон НАТО и европските интеграции.

Во дебатата се вклучи и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која поддржа продолжување на разговорите со Софија, но истовремено повтори дека делови од преговарачката рамка со ЕУ се проблематични.

Таа потсети на членот 7 од Преспанскиот договор, според кој терминот „Македонија“ за македонската страна се однесува не само на територијата, туку и на народот, културата, јазикот и историјата. Според неа, токму тие одредби не смееле да бидат игнорирани при креирањето на европската рамка за преговори.

„Тоа што не требало да стане дел од преговарачката рамка, сепак станало“, оцени претседателката, алудирајќи на бугарските барања што подоцна беа вградени во процесот на пристапување кон ЕУ.

Муцунски, пак, оди чекор понатаму и отворено ја прозва опозицијата, оценувајќи дека е „несфатливо“ што ставовите на СДСМ во однос на Бугарија се поклопуваат со позициите на официјална Софија. Дополнително, тој забележа дека Филипче не реагирал на спорниот термин „северномакедонци“, употребен од бугарската министерка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img