Вчера на 18:50 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(54) од Скопје.
Од МВР информираат дека 54-годишниот С.К. бил уапсен затоа што претходно управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера.
При извршен увид и направени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,2 промили алкохол во крвта.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.






