Дали политичкиот ќорсокак во евроинтеграциите се повеќе е изговор за неспроведените реформи?Каде исчезнуваат заложбите дека со реформски зафати “ќе ја носиме Европа дома”? ова се само дел од прашањата на кои се дебатира во вечерашната Топ Тема по добиениот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија.
Во економскиот дел, првиот критериум постоење функционална пазарна економија, тука сме најнапредни меѓутоа тоа од некој минат труд од претходно воспоставување на регулаторни тела, институционална рамка, од воспоставување на законодавна рамка. Но, вториот критериум капацитет на државата за справување со конкурентскиот притисок на унијата бележи многу послаби резултати затоа што тука се гледа моќта на економијата на нашето стопанство да излезе на пазарот на ЕУ и да се бори со таа конкуренција. Тука имаме уште многу да напредуваме. Првиот кластер е претпоставка за ние да станеме сериозен економски партнер и сериозна дестинација за странски директни инвестиции. Ако тоа го нема ние може да очекуваме ќе напредуваме како многу мала држава која е зависна од странските пазари, која е зависна од трговијата, бидејќи едното и другото се многу поврзани, истакна во вечерашната Топ Тема проф.д-р. Силвана Мојсовска од Економски институт.









