домаМакедонијаМНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог...

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста.

Во реакцијата се наведува дека тврдењата за таен договор или тајни преговори се невистинити и претставуваат, како што велат, уште една конструкција пласирана во јавноста.

Од Министерството посочуваат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, европските институции, Бугарија и другите меѓународни партнери, а разговорите се водат транспарентно.

„Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада“, се наведува во реакцијата.

Од МНР додаваат дека, за разлика од претходната власт, актуелната надворешна политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси, обвинувајќи го СДСМ дека преку вакви прес-конференции се обидува да им се додвори на одредени политички кругови во соседството наместо да ги брани интересите на државата. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img