Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, стекнала голема популарност со учеството на изборот за Мис Универзум 2025.
Иако победата ја однела Мексиканката Фатима Бош, верните обожаватели на натпреварувањето добро го запомниле убавото лице на Хрватката.

Лаура присуствувала на новогодишната забава на семејството Трамп, која се одржала во одморалиштето Мар-а-Лаго на Флорида. Треба да се спомене дека првата дама на САД, Меланија Трамп, ги воодушевила сите присутни со секси фустанот.
Лаура ги објавила фотографиите од таа вечер на Инстаграм, а ние имавме можност да го видиме нејзиниот беспрекорен стајлинг за најлудата ноќ во годината. Имено носела сив фустан што ја следи линијата на телото, а ја истакнал нејзината манекенска градба.









