домаСпортМинистерство за спорт: Овој триумф е голем успех за македонскиот ракомет и...

Министерство за спорт: Овој триумф е голем успех за македонскиот ракомет и гордост за македонскиот спорт

- Advertisement -spot_img

ГРК Охрид испиша нова златна страница во историјата на македонскиот спорт, откако стигна до трофејот во Европскиот куп по големата победа над Татабања во финалето. Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, охридскиот тим успеа да го освои европскиот врв и да донесе уште еден голем меѓународен трофеј во Македонија.

Овој успех предизвика големи реакции во спортската јавност, а меѓу првите кои упатија честитки беше и Министерството за спорт.

Во својата официјална изјава, Министерството за спорт порача:

„Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и до раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ!

Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј.

Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт. ГРК Охрид стана вториот македонски клуб кој успеал да го освои Европскиот куп, по успехот на РК Алкалоид минатата сезона, а воедно и четвртиот македонски ракометен клуб што се закитил со европска титула, покрај освојувачите на Лигата на шампионите – РК Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар.

Вашиот успех е резултат на посветена работа, професионализам, визија и истрајност и потврда дека македонскиот ракомет продолжува да биде препознатлив и конкурентен на европската сцена.

Министерството за спорт ви го честита овој голем успех и ви посакува уште многу победи, нови трофеи и достојно претставување на Македонија на меѓународната спортска сцена.

Оваа европска титула нека биде поттик за нови достигнувања и уште поголеми успеси на македонскиот ракомет“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img