HomeМакедонијаМинистерот Ристовски им честиташе на македонските боксери по освоените медали на ЕП...

Министерот Ристовски им честиташе на македонските боксери по освоените медали на ЕП (У23) во Ереван

- Advertisement -spot_img

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со младите боксери Ален и Адриан Рустемовски и Јоаким Јовановски, тренерот Јове Петровски и со претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, по успешниот настап на македонските претставници и двата освоени медали на Европското првенство во бокс (У23) што се одржа во Ереван, Ерменија.

Ален Рустемовски го освои сребрениот медал во категоријата до 57 килограми, покажувајќи извонредна техника, борбеност и спортски дух. Во финалето, тој го загуби мечот од рускиот боксер Лурли Аветијан.

Неговиот брат, Адриан Рустемовски, се закити со бронзен медал во категоријата до 60 килограми, откако во полуфиналето беше поразен од Хамзат Матиев, исто така од Русија.

Министерот Ристовски им го честита големиот успех и изрази гордост што овие млади спортисти достоинствено ја претставуваа Македонија на едно од најзначајните континентални натпреварувања.

-Нашите млади боксери покажаа дека македонските спортски таленти можат рамноправно да се борат со најдобрите во Европа. Тие се голема надеж и иднина на македонскиот бокс. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува младите спортисти кои достоинствено ја преставуваат Македонија на спортските борилишта – изјави министерот Ристовски.

Министерството за спорт им упатува искрени честитки на сите членови на репрезентацијата за постигнатиот успех и за афирмацијата на македонскиот спорт на европската сцена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img