2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeХроника„Мини морис“ излета од патот кон Попова Шапка – повредени две жени...

„Мини морис“ излета од патот кон Попова Шапка – повредени две жени од Тетово

- Advertisement -spot_img

Две жени се повредени, од кои едната потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, во атарот на селото Лисец, соопшти СВР Тетово.

Несреќата се случила околу 12:45 часот, кога патничко возило од марката „мини морис“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од 57-годишната З.И. од Тетово, излетало од коловозот. Во незгодата, возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзината сопатничка, 27-годишната Б.Р. од Тетово, поминала со полесни повреди. Двете биле пренесени и згрижени во Ургентниот центар при Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а се утврдуваат причините поради кои дошло до излетувањето на возилото.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img