HomeМакедонијаМинчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со...

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

- Advertisement -spot_img

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми за реализација.

„Денешната средба претставува важен чекор во продлабочувањето на институционалната соработка меѓу двете земји, особено во управувањето со човечките ресурси, подготовката на политики и развојот на информациските системи“ – изјави Минчев, потенцирајќи дека веќе воспоставената рамка преку Меморандумот од 2024 година сега се надградува со конкретни активности.

Во фокусот на средбата на двете министерства беше и унапредување на системот на обуки преку размена на програми и воспоставување мрежа на обучувачи, како и поврзување на дигиталните платформи за е-учење.

„Постигнавме согласност за размена на програми и создавање мрежа на заеднички обучувачи“ – посочи министерот, додавајќи дека ќе следуваат и студиски посети и размена на службеници за практично споделување искуства.

За поефикасна имплементација е формирана и заедничка работна група која ќе го следи напредокот и ќе ги координира активностите.

„Уверен сум дека оваа соработка ќе придонесе за посилни институции и поефикасна администрација во двете држави“, заклучи Минчев.

Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување на сеопфатни реформи и професионализација на администрацијата, со цел градење ефикасни, транспарентни и услужно ориентирани институции во интерес на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img