3.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМилевски: Данска е силна репрезентација, неблагодарно е да се даваат прогнози!

Милевски: Данска е силна репрезентација, неблагодарно е да се даваат прогнози!

- Advertisement -spot_img

Репрезентацијата на Македонија на денешната ждрепка во Цирих го дозна противникот во полуфиналето во мундијалскиот бараж каде што ќе играме против Данска. Натпреварот ќе го играме на гостински терен, на 26 март, а пет дена подоцна на програмата е финалето. Ако Македонија игра во него, ќе се соочи со подобриот од пресметката помеѓу Чешка и Р. Ирска, исто така на гостински терен.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници.

За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img