5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаМицотакис најави „ново поглавје“ во енергетската историја на Грција по договорот со...

Мицотакис најави „ново поглавје“ во енергетската историја на Грција по договорот со „Ексон Мобил“

- Advertisement -spot_img

Денеска пишуваме ново поглавје во енергетската историја на Грција, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во пораката за договорот меѓу „ExxonMobil“, „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“, за учеството на американската компанија во концесијата на Блок 2 за истражување јаглеводороди во Јонското Море, јави дописничка на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека „американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“ ја проширува својата активност“ во Грција, со оглед на тоа што веќе учествува во истражувања во два блока јужно и југозападно од Крит.

– Не е само уште една инвестиција. Ова е првото истражувачко дупчење во нашата татковина во последните речиси 40 години. Историски момент. Чин на одговорност и перспектива. Ја спроведуваме во пракса нашата посветеност: со план и визија го искористуваме нашето национално богатство. За Грција енергетски безбедна, геополитички силна и привлечна за инвестиции, порача Мицотакис.

Како што претходно објави МИА, на маргините на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) што се одржува во Атина, американската компанија „ExxonMobil“, потпиша договор со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ кои веќе ја имаат концесијата за Блокот 2 во северозападниот дел на Јонското Море, во близина на Екслузивната Економска Зона на Италија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img