домаМакедонијаМицкоски за средбата Муцунски - Петрова: Однесувањето на официјална Софија не дава...

Мицкоски за средбата Муцунски – Петрова: Однесувањето на официјална Софија не дава основа за големи очекувања

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се очекувањата од средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија рече дека нема големи очекувања.

– Имајќи ја предвид мојата анализа, која вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, еве ќе бидам повторно дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог на „пул асајд“, ние така го викаме, „на коњопој“ и тоа е приближно тоа – одговори Мицкоски.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, треба да се сретнат в четврток во Софија на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8.

Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земји произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзин совет, премиерот Христијан Мицкоски го замоли Муцунски да побара средба со Петрова, во обид за се поттикне процесот за решавање на проблемот за бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img