Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, достави до Собранието предлог за именување на двајца нови заменици министри во Владата.
Во дописот упатен до претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот предлага Адмир Шабани да биде именуван за заменик-министер во Министерството за одбрана, додека Дритон Сулејмани е предложен за заменик-министер во Министерството за образование и наука.
Предлогот е поднесен согласно член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во прилог на дописот се доставени и биографиите на предложените кандидати, како дел од редовната законска процедура.
Собранието треба да го разгледа и да се изјасни по предлогот на некоја од наредните седници, согласно утврдената постапка.
Со овие предлози се очекува дополнително екипирање на раководните структури во клучните ресори, со цел поефикасно функционирање на институциите и реализација на владините приоритети.








