домаМакедонијаМицкоски – Кошта: Македонија е посветена на европската интеграција, но без билатерални...

Мицкоски – Кошта: Македонија е посветена на европската интеграција, но без билатерални условувања

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска во рамките на Минхенскиот безбедносен форум се сретнал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со кого разговарале отворено и искрено за европската перспектива на Македонија.

„Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција, Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, вели Мицкоски во објавата на Фејсбук за средбата со претседателот на Европскиот совет.

Нашата Влада, потенцирал премиерот, работи на суштински реформи како што се владеење на правото, борбата против корупцијата, економската стабилност и подобар животен стандард за граѓаните.

„Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава. Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа“, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата со Кошта.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img