домаМакедонијаМицкоски: До крајот на мандатот нема веќе да има листи за чекање...

Мицкоски: До крајот на мандатот нема веќе да има листи за чекање во градинките

- Advertisement -spot_img

Целта е до крајот на мандатот да има нула деца на листите за чекање во градинките.

Ова го изјави денеска премиерот, Христијан Мицкоски на отворањето на новата детска градинка во Шуто Оризари – „8 Април“.

„Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот. Ние како Влада, како што веќе слушнавте и од страна на претставниците на меѓународната заедница, почитуваните амбасадори, во најскоро време ќе дадеме согласност за вработување на кадар и на тој начин сето она кое што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција“, рече Мицкоски.

Тој рече дека повеќе нема да има листа на чекање за запишување деца во градинка во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети.

Мицкоски кажа дека целта е повеќе да нема листи за чекање во сите градинки во државава.

„Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите“, рече Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img