домаМакедонијаМешовити тимови со патроли поради пожарите

Мешовити тимови со патроли поради пожарите

- Advertisement -spot_img

Мешовити тимови од инспектори и полицајци ќе патролираат низ Куманово на кризните точки каде што секојдневно има пожари. Кризниот штаб за заштита и спасување на вонредна седница, одлучи да се воведе и времен пункт на противпожарна единица на Спомен Костурницата. Ќе функционираат и доброволни друштва. Целта е брза интервенција.

Несовесни граѓани секојдневно предизвикуваат пожари. Горат диви депонии, стрништа, ридови. Еден од пожарите стигна дури и до домови.

Граѓаните да бидат посовесни, а институциите да казнуваат, повикаа надлежните.

„Ќе побарам средба со основниот јавен обвинител и државниот јавен обвинител бидејќи ние како општина се соочуваме со овој проблем веќе со години коишто сторители се јавуваат во континуитет едни исти лица или членови на семејства коишто се веќе познати на органите на прогонот и не се санкционираат“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Речиси два месеца актуелен е и пожарот на депонијата Краста. Чадот се чувствува и во центарот на Куманово.

„Треба да се постават камери па да се види кој пали“, вели еден граѓанин.

„Се палат намерно, треба казни но не казнуваат“, укажа друг.

„Може на секои ден два неподносливо кога ќе запалат се нагоре оди, многу е загадено“, нагласи трет кумановец.

Куманово од Австрија доби донација шест противпожарни возила. Дополнително во три рурални места ќе се постават пунктови на доброволни друштва. Но засега мал е бројот на лица кои пројавиле интерес за волонтерство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img