Новиот правилник и новиот закон за работно ангажирање ќе помогнат во намалувањето на бројот на социјалните случаи, а и ќе обезбедат работа за семејствата во социјален ризик, анализираат во прилепскиот центар за социјални работи. Бројот на социјалните случаи последниве години е на исто ниво. Ниту се зголемил, ниту се намалил, но не е мал со преку 1.800 корисници.
Годинава мора големо внимание да се посвети на случаите на семејното насилство, но и на децата во социјален ризик
За сто проценти е зголемен бројот на „проблематичните“ млади кои возат без дозвола и се насилни во училиштата, а за спречување на семејното насилство потребна е поголема информираност.
Социјалната грижа за населението е приоритет во општеството.









