домаСветМерцедес размислува за производство на оружје

Мерцедес размислува за производство на оружје

- Advertisement -spot_img

По Фолксваген, и Мерцедес размислува да се префрли во производство на оружје, објавуваат германските медиуми. „Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да играме позитивна улога во овој процес“, изјави извршниот директор на Мерцедес-Бенц, Ола Карлениус, во интервју за Волстрит џурнал.

Керлениус верува дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна за производство на оружје. Во исто време, тој рече дека производството на автомобили ќе остане основен сектор на Мерцедес, а производството на оружје ќе биде споредна дејност.

Ова би можело да биде „растечка производствена ниша што би придонела за целокупниот бизнис резултат“, рече Каелениус, додавајќи дека Мерцедес веќе активно учествува во зајакнувањето на безбедноста и подготвеноста на НАТО.

„Многу варијанти на нашата G-класа работат низ целиот свет како воени возила“, нагласи Каелениус. Пред Мерцедес, и Фолксваген го најави својот влез во воената индустрија.

Според германските медиуми, фабриката за каросерии во Оснабрик би можела да ја преземе израелскиот концерн „Рафаел“, кој би произведувал делови за својот противракетен систем „Железна купола“ во северна Германија.

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блуме, исто така, најави зголемена вклученост во секторот за воени транспортери. Германската автомобилска индустрија се соочува со пад на побарувачката веќе неколку години по ред и најави отпуштања на неколку илјади работници и затворање на фабрики.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img