Медицинските сестри бараат поголема вклученост во креирањето на здравствените политики – не може некој што не стоел покрај пациентите по 24 часа да носи одлуки без вклучување на еснафските здруженија – порачаа од Унијата на медицински сестри од каде ги повторија истите барања кои со години ги испорачуваат до здравствените власти. Алармираат и за проблемот со хроничниот недостиг на медицински кадар…








