Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, вечерва јавно ја изрази својата поддршка за независната кандидатура на Зулхајрат Демири за градоначалник на општина Врапчиште.
Меџити истакна дека Демири е кандидатот кој е најподготвен да ја води општината со одговорност, визија и храброст за донесување значајни одлуки. „Врапчиште има потреба од сериозно раководство, проекти и лидерство кое работи и дава видливи резултати“, нагласи Меџити.
Тој повика граѓаните активно да се вклучат во изборниот процес, да излезат и да ја поддржат кандидатурата на Демири. „Ова е трка за победа, за развој и за Врапчиште кое напредува со чесна работа, големи проекти и конкретни резултати за секое семејство“, додаде Меџити.







