Во Македонија имаме сериозен проблем со врсничкото насилство, не само физичко туку и вербално, сајбер насилство, во и надвор од училишниот двор, вели Драги Змијанац од првата детска амбасада „Меѓаши“. Тоа што се случува со децата, вели Змијанац, е резултат и на домашното воспитување и на недоволната грижа на стручните служби, наставниците и медиумската агресивна содржина, како и на зголемениот број на часови поминати на социјалните мрежи.
Кога е во прашање врсничкото насилство од Министерството за образовани и наука велат дека многу е важно да се земат во предивд сите околности и да се едуцира и превенира навремено, Подеднаков фокус треба да се даде и на жртвата но и на ученикот кој што сторил насилство. Посочуваат дека потребно е подобрување на комуникацијата на релација ученик-наставник но и останатите институции меѓу кои и Центрите за социјална работа.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во периодот од јануари до март 2026 година, регистрирани се 61 настани на насилно однесување во училишта или во непосредна близина на училиштата. Регистрирани се вкупно 32 кривични дела „насилство врз дете“ за што мерки на кривичен прогон се преземени против 43 сторители, од кои осум се деца.








