6.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМартина бара јавно извинување од СДСМ

Мартина бара јавно извинување од СДСМ

- Advertisement -spot_img

Мартина Ѓорѓиевска, сопругата на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, го демантираше СДСМ дека чантата што ја носела на отчетот чини 30.000 евра и очекува јавно извинување од опозициската партија. Таа вели дека чантата ја купила за 944 денари, на попуст.

„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и за скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и сѐ така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30.000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Мetro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пакноси натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер евтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.

Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот. Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации!“, напиша Ѓорѓиевска на својот профил на Фејсбук.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img