Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога.
Од МВР споделија детали за сите настани.
Ноќеска во 00:05 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, од слобода бил лишен Р.М.(34) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 11:55 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, од слобода бил лишен Е.М.(37) од Скопје, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.
Синоќа во 22:30 часот, во КПУ Затвор Идризово, од слобода бил лишен Ф.А.(37) од с. Грчец, скопско, вработен во установата, кој при влез во видувалната оставил кафеава прашкаста материја на рафт.
Вчера во 15:30 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, од слобода бил лишен А.Н.(54) од Струга, бидејќи кај него била пронајдена опаковка со бела прашкаста материја.
Синоќа во 21:15 часот во Неготино, од слобода бил лишен 17-годишник од Неготино, кај кого била пронајдена цигара со зелена растителна материја.
Исто така синоќа година во 21:00 часот, на улицата „Републиканска“ во Прилеп, од слобода биле лишени двајца малолетници, бидејќи при преглед кај едниот од нив била пронајдена марихуана.
Вчера во 12:51 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, од слобода бил лишен Т.Ц. (42) од Република Унгарија, затоа што при извршена гранична контрола и преглед во патничко возило „Форд“ со унгарски национални ознаки, во личниот багаж биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети.
„По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, посочија од МВР.








