Венко Филипче, во последен момент, направи пресврт и како предлози за новите членови на Државната изборна комисија (ДИК) ги предлага Бојан Маричиќ и Борис Кондарко. Маричиќ повторно влегува во играта, сега како претседател на ДИК, додека досегашниот претседател Кондарко ќе биде само обичен член на комисијата. Иако имаше многу конкуренти за овие позиции, последната одлука беше во рацете на Филипче. Од трката излегоа поранешната заменичка министерка за правда и актуелна претседателка на Изборната комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска Мадиќ, која го прогласи Филипче за нов лидер. Таа моментално е државен советник во Судскиот совет. Исто така, се спомнуваше и името на Марија Митановска од Министерството за правда, која исто така имаше шанси за назначување.
Најчитани
Stay Connected









