HomeШоубизМарија Јаковлеска победничка на фестивалот Студентско лето во Маглај, Босна и Херцеговина...

Марија Јаковлеска победничка на фестивалот Студентско лето во Маглај, Босна и Херцеговина – Сергеј Попоски со трето место

- Advertisement -spot_img

Младата пејачка од Скопје Марија Јаковлеска ја освои првата награда на стручното жири на вечерта на забавна музика на меѓународниот музички фестивал Студентско лето во Маглај, Босна и Херцеговина. 26-годишната Марија до овој голем успех дојде со триумфално исполнение на безвременскиот хит на Селин Дион „The Power of Love“. Понатаму, стручното жири третото место му го додели на уште еден претставник од Македонија – младиот прилепчанец Сергеј Попоски кој ја испеа „Unchained Melody“ на бендот Righteous Brothers.

Студентско Лето е реномиран меѓународен фестивал на млади изведувачи кои се натпреваруваат во категориите на народна и забавна музика, а оваа година го доживува своето 53-то издание. На претходната вечер на Фестивалот во категоријата на народната музика запазен настап имаше и пејачката Божица Китановска која се претстави „Со маки сум се родила“ додека првата награда на стручното жири ѝ припадна на Србинката Марта Станковиќ која ја отпеа популарната „Врањанка“.

Марија Јаковлеска е прв претставник од Македонија кој успеал да ја освои прва награда на овој угледен фестивал уште од 1974 година, кога првата награда ѝ припадна на прославената Верица Ристевска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img