домаМакедонијаМанасиевски обвини: Неисправната вода во Гостивар е резултат на децениска негрижа

Манасиевски обвини: Неисправната вода во Гостивар е резултат на децениска негрижа

- Advertisement -spot_img

Случувањата со водата за пиење во Гостивар се резултат на, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, децениска негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари.

На денешната прес-конференција портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема право да држи лекции за состојбите во здравството, бидејќи, според него, во периодот кога бил министер за здравство постоеле извештаи за неисправна вода во Гостивар.

„Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Во интерес на граѓаните ќе прикажеме документи од времето кога СДСМ беше власт, а се однесуваат на загадена вода токму во Гостивар“, изјави Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека микробиолошките анализи од изминатите години покажувале дека водата во Гостивар не ги исполнувала критериумите за безбедна употреба.

Според партијата, во извештаите од 2020, 2021, 2022 и 2023 година биле констатирани зголемени вредности на бактерии, поради што водата не била соодветна за пиење.

„Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, но никој не реагирал. Проблемите не биле решени, туку биле ставани под тепих“, рече Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека актуелната состојба во Гостивар е последица на долгогодишно непостапување и побараа одговорност од оние кои, како што наведуваат, не презеле мерки за заштита на јавното здравје.

„Пред да се држат лекции и да се собираат политички поени, треба да се знае дека граѓаните паметат како се водеше здравствениот систем во минатото“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата неколкупати повторија дека прашањето со квалитетот на водата во Гостивар не е нов проблем, туку резултат на долгогодишно занемарување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img