Полицијата во БиХ, по наредба на надлежното обвинителство во областа Велика Кладуша, уапси две лица – малолетник и возрасен, под сомнение за сторени тешки кривични дела.
Малолетникот е осомничен за силување, а возрасната жена е осомничена за убиство и обид за убиство, пишува „Аваз“.
Како што неофицијално дознава порталот, мајката и синот се уапсени.
Според информации од извори блиски до истрагата, малолетникот е обвинет за силување на сестра си, девојче со развојни пречки кое било во поодмината фаза од бременоста.
Мајката, пак, е осомничена дека се обидела да ја убие својата бремена ќерка фрлајќи ја од балконот.
Девојчето го преживеало падот, но нејзиното неродено дете починало.
Поради ова, мајката е обвинета за обид за убиство на нејзината ќерка и убиство на нероденото дете.








