Малолетник возел „ауди“ во тетовско при што се судрил мотоцикл.
– На 26.04.2026 во 19:30 часот на локалниот пат Милетино – Блаце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17-годишник од село Челопек, тетовско. Тој управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл „кавасаки“, управуван од Љ.С.(40) од село Јанчиште, информираа од тетовската полиција.
Нема информации за повредени лица.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








