домаМакедонијаМакедонското друштво „Илинден“ – Тирана со барање македонскиот јазик да биде достапен...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со барање македонскиот јазик да биде достапен на веб-страницата на Пустец

- Advertisement -spot_img

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана поднесе официјално барање до Општина Пустец официјалната веб-страница, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик.

Иницијативата се повикува на Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија, кој го гарантира правото на употреба на мајчиниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што малцинствата традиционално живеат.

Од здружението посочуваат дека воведувањето на македонска јазична верзија на веб-страницата ќе го подобри пристапот на граѓаните до јавните информации, ќе ја олесни комуникацијата со локалните институции и ќе придонесе за практична примена на правата на македонското национално малцинство.

Според нив, ваквиот чекор ќе ја зајакне институционалната транспарентност, ќе ја поттикне јазичната и културната разновидност и ќе придонесе кон доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација, како и до Народниот правобранител на Република Албанија.

Од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана изразуваат очекување надлежните институции позитивно да ја разгледаат иницијативата и да овозможат официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img