Првиот собир во рамките на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркари ќе биде реализиран во Букурешт, во периодот од 13. до 17. мај, каде Македонија ќе настапи со две репрезентации „Под 14“ години – во машка и во женска конкуренција.
По одржаните селективни тренинзи, селекторите Мартин Атанасовски и Никола Петровски ги одредија составите кои ќе ја претставуваат Македонија на првиот турнир од проектот, во кој учествуваат повеќе национални федерации под покровителство на ФИБА.
Пред заминувањето за Романија, младите македонски репрезентативци ќе ги реализираат последните тренинзи во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, по што следува патувањето за Букурешт и стартот на турнирските натпревари.
Според распоредот, Македонија ќе го отвори турнирот на 13. мај со дуели против домаќинот Романија. Женската селекција ќе настапи од 16 часот, а машката од 18 часот.
На 14. мај следуваат пресметките со Бугарија, закажани од 12 и од 14 часот.
По ден пауза, на 16. мај нашите млади кошаркари и кошаркарки ќе се соочат со селекциите на Турција, во термините од 16 и од 18 часот.
Настапот на турнирот Македонија ќе го затвори на 17. мај со дуелите против Косово, кои ќе се играат од 9 и од 11 часот.
Овој турнир претставува значајна можност за младите македонски таленти да стекнат меѓународно искуство, но и да го покажат својот потенцијал во силна конкуренција со селекции од регионот и пошироко.
МАКЕДОНИЈА (У14) – МАШКИ
Ѓорѓи Мишев
Павел Антиќ
Филип Ивановски
Калин Василев
Марко Ничевски
Марко Михаилов
Давор Мојсовски
Александар Бебеџаков
Филип Кимов
Ѓорѓи Крстев
Матеј Дракулевски
Виктор Талевски
Васил Лескаровски
Селектор: Мартин Атанасовски
МАКЕДОНИЈА (У14) – ЖЕНСКИ
Божица Станојковска
Вера Танасковска
Дејана Стојаноска
Марта Кепеска
Аника Димовска
Андреа Ицева
Михаела Зафирова
Мила Михаела Андриевска
Лана Кесиќ
Нина Борисова
Нина Дојчинова
Ана Марија Димитровска
Маша Затараковска
Селектор Никола Петровски








