HomeКултураМакедонските песни во изведба на легендарната Петранка Костадинова добија нов живот, во...

Македонските песни во изведба на легендарната Петранка Костадинова добија нов живот, во дигитална форма

- Advertisement -spot_img

Зад целиот овој историски проект стои маестро Горан Алачки. Тој се потпишува како продуцент и аранжер, а воедно ја предводи и богатата инструментална приказна со својата хармоника. Воедно учествуваше и голем народен оркестар составен од, исто така, врвни музичари.

Легендарните песни на, за жал, прерано починатата македонска фолк-дива Петранка Костадинова, по 35 години, како да воскреснуваат. Еве на кој начин. Добиваат нов живот, и тоа преку единствениот LP-проект. Во дигитална форма. Првпат се реализирани во 1991 година и се зачувани за сите идни генерации.

Овие музички бисери испеани од нејзиното бисерно грло со децении беа дел од архивите на Македонската радио-телевизија. Сега добиваат нова, современа димензија, во согласност со техничките достигнувања на нашата цивилизација.

Зад целиот овој историски проект стои маестро Горан Алачки. Тој се потпишува како продуцент и аранжер, а воедно ја предводи и богатата инструментална приказна со својата хармоника. – Радоста е голема, вели Алачки. Сработив нешто со кое се гордеам. Беше малку напорно, но кога се работи со љубов, преморот исчезнува, а овој бисер останува засекогаш.

Во реализацијата учествуваше и голем народен оркестар составен од, исто така, врвни музичари: Ристо Краповски на кларинет, Лилјана Автовска на флејта, Радослав Шутевски на тапани, Благоја Маротов на контрабас, Валентино Бенедети на гитара и Љупчо Каргов на мандолина. Ова не е само музички проект туку и времеплов. Секоја нота носи дух од едно време кога музиката се создаваше со душа, кога оркестрите дишеа како едно, а песните раскажуваа емотивни приказни.

Иницијативата за дигитализација доаѓа од најблиските – нејзините синови, кои со љубов и почит кон нејзиното дело одлучија да му подарат нов живот на ова музичко наследство. Благодарение на нив, песните на Петранка Костадинова повеќе нема да бидат само дел од архивите туку и жив дел од културната меморија на Македонија и Македонците.

Со ова дигитално обновување, гласот на легендата Петранка повторно ќе одекнува – не само на радиобрановите туку и во срцата на сите љубители на македонската песна. Вистинската песна, каква што е онаа со Петранка, не старее, не може да се заборави. Сега во модерна, дигитална обработка, ќе остане за вечноста.

(Д. М.) фото: ФБ-архива

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img