домаМакедонијаМакедонскиот пасош останува на 38. место во светот – Околу 130 дестинации...

Македонскиот пасош останува на 38. место во светот – Околу 130 дестинации може да се посетат без виза

- Advertisement -spot_img

Македонскиот пасош и натаму се наоѓа на 38. место на „Henley Passport Index“, со можност за безвизно патување или добивање виза при пристигнување во околу 130 дестинации.

Македонските граѓани најлесно патуваат низ Европа, вклучително и во Шенген-зоната, но за САД, Канада, Австралија и дел од азиските земји и понатаму е потребна претходно издадена виза.

Во регионот, Србија е на 34. место, додека Црна Гора е рангирана исто како Македонија. Бугарскиот пасош е меѓу 15-те најсилни во светот, а грчкиот меѓу петте најсилни.

На врвот на листата се Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја, чии граѓани можат без виза да патуваат во повеќе од 190 земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img