1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаМакедонска државјанка спречена во обид за криумчарење на 11 златни монети вредни...

Македонска државјанка спречена во обид за криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра

- Advertisement -spot_img

На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари.

Благодарение на вниманието и професионализмот на царинските службеници, обидот за криумчарење бил навреме откриен и спречен, по што случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги. По преземање предистражни дејствија поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Царинската управа останува посветена на строг надзор и контрола на граничните премини, со цел спречување на криумчарење и заштита на финансиските интереси на државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img