3.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМакедонија ЃП освои бод на гостувањето кај Пелистер (ВИДЕО)

Македонија ЃП освои бод на гостувањето кај Пелистер (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Дуелот од 15. Коло од ПМФЛ шампионатот што денеска се играше во Битола, помеѓу екипите на Пелистер и Македонија ЃП заврши со конечни 1:1. Истиот може слободно да се окарактеризира како еден од поинтересните кој што е одигран на „Петар Милошевски“ оваа есен затоа што присутните, а и оние крај малите екрани видоа два гола, но и десетина зицер ситуации. Со самото тоа може да се заклучи дека и двата тима можеа да дојдат до трите бода, но тоа едноставно не се случи.

Конечно, и Пелистер и Македонија ЃП треба да се задоволни од ова реми затоа што можеа да останат и без тој еден освоен бод.

МЃП дојде до водство по грешката на Јовчевски

Дека тимот на Македонија ЃП на овој меч се надеваше на рано водство секако дека да, но дека очекуваше тоа да дојде со голема помош од домашните баш и не. Сепак, во таа 17. Минута, искусниот Христијан Пецов влезе длабоко во противничката половина и се реши на удар со лева нога. Топката реално немаше голема сила, но домашниот голман Јовчевски прави кардинална грешка и со негова помош таа влегува во мрежа.

Гостинските 0:1, за Пелистер значеа само едно, а тоа е веднаш да се прејде во офанзива и тоа сериозна. Промашуваше во првиот дел Булатовиќ и тоа на два пати во зицер, „еден на еден“ ситуации. Се обиде и од далечина, а своја можност имаше и младиот Мрмачовски.

https://youtu.be/HI6dhlmh4BE

Булатовиќ се поправа во вториот дел

Она што го промаши во првото полувреме го надокнади со гол србинот Булатовиќ во второто полувреме. Длабочибска топка која не ги внесе напаѓачите на Пелистер во офсајд ја прими Ристиќ но само за да му „подари“ асистенција на Булатовиќ кој погодува покрај излезениот Јанков. Голманот на МЃП денеска имаше одличен ден но во оваа ситуација едноставно не можеше повеќе.

Обидите на Џангаровски, Мартиновски и Шерифи покажаат дека Македонија ЃП има сериозен младински погон, но сепак, шансата за гостите во овој дел од мечот ја имаше Ѓорѓи Стоилов. Искусниот играч за врска влезе од лево во шеснаесетникот биеше кај подалечниот дирек и го погоди него наместо мрежата.

Тоа се случи во 70. Минута, а само триесетина секунди подоцна, Марјан Ристовски на спротивната страна по соло пробивот ја погодува гредата од голот на Јанков. Стојчевски и Али Адем се обидоа од далечина само за да додадат свој момент во ова напаѓачки одлично полувреме во Битола. Искуснито Стефан Спировски веќе ја виде топката во голот во 80 минута по својот обид но Софијановски со минимален блок наместо во мрежа ја одведе топката во корнер.

https://youtu.be/3MxSraijH_M

Домашните добија пенал, ВАР го поништи

Еден од клучните моменти на овој дуел се случи во 83 минута кога судијата Бафто покажа на бечата точка откако Софијановски стартуваше врз Ристиќ. Сепак, ВАР онтервенцијата покажа дека прекршок за најстрога казна во оваа ситуација нема, и одлуката беше променета.

Во судијското продолжение од мечот, за момент гостите помислија дека поведоа откако Еступиан реализираше но од офсајд ситуација. ВАР интервенираше и овојпат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img