Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици. Статистиката покажува пад на бројот на склучени бракови и раст на разводите, додека наталитетот останува низок.
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави загрижувачки податоци за третото тримесечје од 2025 година (јули–септември).
Во истиот период се родени 4.431 живородени деца, што е раст од 3,7% во споредба со 2024 година.
Бројот на починати лица изнесува 4.849, од кои 20 се доенчиња. Природниот прираст останува негативен: -418, што значи дека бројот на починати е поголем од бројот на родени во Македонија.
Бебиња лежат заедно во своите креветчиња на одделот за новороденчиња во болницата „Света Елизабета и Света Барбара“ во Хале на 5 јануари 2011 година.Бебиња лежат заедно во своите креветчиња на одделот за новороденчиња во болницата „Света Елизабета и Света Барбара“ во Хале на 5 јануари 2011 година.
Според ДЗС, во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што е природен пад од 4.140 луѓе за една година.
Проекциите се уште поалармантни: до 2070 година населението може да се намали на 1,3 милиони жители, што е пад од околу 35%.
Во јули премиерот Христијан Мицкоски најави можност за воведување данок за немажени и неженети граѓани, како мерка против демографската рецесија.
Изјавата предизвика лавина реакции – од остри критики на опозицијата и граѓанските организации, до бурни коментари на социјалните мрежи. Неколку дена подоцна, премиерот појасни дека не станува збор за конкретна мерка, туку за иницирање јавна дебата.








