Маглата во котлините ќе се задржи и во следните неколку дена, а од среда се очекува расчистување, врнежи од дожд и снег на повисоките места и слаб до умерен ветер, соопшти УХМР.
-До вторник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег – прогнозираат од УХМР.







