Мајка и ќерка од Скопје се пријавиле една со друга за физички напад во семејниот дом, информира МВР.
На 8 септември, во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со 64-годишна скопјанка, откако било пријавено дека во домот на подрачјето на општина Центар физички ја нападнала својата 39-годишна ќерка. објави Скопје1.мк
Следниот ден, на 9 септември околу 07:50 часот, во истата полициска станица бил извршен службен разговор и со 39-годишната жена. Таа, пак, пријавила дека во домот физички ја нападнала својата 64-годишна мајка.
По целосното документирање на двата случаи, ќе следуваат соодветни поднесоци. објави Скопје1.мк






