ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против двајца 39-годишни поранешни сопружници од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 март 2026 година во семејната куќа.
„На 09.03.2026 во семејната куќа во Гостивар, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените“, се наведува во соопштението на МВР.
Во текот на настанот, според полицијата, била нападната и малолетната ќерка.
„Мајката физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, која сакала да го извести дедото за случувањата во домот“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции ќе го утврдуваат понатамошниот тек на постапката.








