-8.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЛукаревска: Ново задолжување од 20 милиони евра додека власта врти криминални тендери

Лукаревска: Ново задолжување од 20 милиони евра додека власта врти криминални тендери

- Advertisement -spot_img

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, обвини дека Владата продолжува со опасно задолжување, додека, како што рече, секојдневно се реализираат криминални тендери во корист на фирми блиски до власта.

„Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот“, изјави Лукаревска.

Таа информираше дека во Собранието е поднесен Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра за изградба на фискултурни сали, без, како што рече, јасни информации за каматната стапка.

„Владата поднела Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра, ама без информација за износот на каматната стапка“, истакна Лукаревска.

Според неа, Владата нема средства за клучни социјални и економски потреби на граѓаните.

„Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на животниот стандард. Има само за криминални тендери кои се вртат секој ден, со милионски суми за едни исти фирми блиски до власта“, рече таа.

Лукаревска предупреди дека во државниот буџет недостигаат околу една милијарда евра и дека Владата, како што наведе, таа дупка ја пополнува со нови задолжувања.

„Недостасуваат една милијарда евра. Огромната дупка очигледно ќе се пополнува со нови и нови долгови што ќе ги плаќаат идните генерации“, изјави Лукаревска.

Таа потсети на досегашните задолжувања на Владата, вклучувајќи кредит од Унгарија, задолжување на домашниот пазар и издавање државни обврзници.

„Веќе има задолжување од една милијарда евра од Унгарија, 660 милиони евра на домашниот пазар, а само во декември 2025 година Владата се задолжи со 100 милиони евра преку државни обврзници. Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра“, рече таа.

Според Лукаревска, податоците на Светската банка укажуваат на сериозен ризик.

„Светската банка проектира дека јавниот долг годинава ќе достигне 62,9 проценти од БДП, што нè прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство“, изјави пратеничката.

На крајот, таа најави дека пратениците на СДСМ ќе се спротивстават на предложеното и на секое идно задолжување.

„Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротивстават на ова и на секое идно задолжување. Власта да го повлече задолжувањето, да ги намали трошоците, да ги стопира криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните“, порача Лукаревска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img