домаСпортЛука Дончиќ ве уништува: ја повикува вашата девојка да наврати кај него...

Лука Дончиќ ве уништува: ја повикува вашата девојка да наврати кај него по натпреварот

- Advertisement -spot_img

Лука Дончиќ ја почна новата НБА -езона во неверојатна форма, а неговите настапи веќе го вбројуваат меѓу главните кандидати за МВП-признанието. На првите 11 натпревари, словенечкиот ас забележа фантастични 38,6 поени, 7,5 скока и 7,6 асистенции на натпревар, бројки што предизвикаа воодушевување и кај најголемите кошаркарски имиња.

Меѓу оние што не штедеа пофалби за ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс е легендарниот Ајзеа Томас, двократен НБА-шампион и член на Куќата на славните. Поранешниот лидер на Детроит пистонс призна дека ретко видел кошаркар што доминира на теренот на ваков начин.

  • Навистина никогаш немам видено некој да прави вакви работи. Погодува тројки, продира кон кошот, постигнува поени од средна дистанца и го користи својот препознатлив чекор наназад. Многумина велеа дека ќе го запрат, но погледнете го неговиот просек – порача Томас.

Сепак, најинтересниот дел од неговата изјава се однесуваше на карактеристичниот темперамент и на однесувањето на Дончиќ. Легендарниот Американец на духовит начин опиша колку опуштено изгледа Словенецот дури и додека ги уништува противничките одбрани.

  • Не можеш ни фаул да му направиш, а, сепак, е бавен! Седи на клупата, се смее, разговара со противничкиот тренер, па дури и ја кани твојата девојка да наврати по натпреварот. Навистина изгледа како тој да ја убива лигата – прокоментира Томас.

Дончиќ веќе има четири натпревари со најмалку 40 поени, меѓу кои и два со повеќе од 50. Постигна 52 против Јута, 53 против Портланд, а имаше и 45 поени против Торонто и 42 против Мајами.

Она што дополнително го охрабрува Лејкерс е фактот што Лука има квалитетна поддршка. Остин Ривс бележи 24,7 поени на натпревар, па Лос Анџелес засега има повеќе од една офанзивна закана за противниците.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img