4.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортЛуис Енрике сонува еден ден да се врати во Барселона?!

Луис Енрике сонува еден ден да се врати во Барселона?!

- Advertisement -spot_img

Луис Енрике сонува еден ден повторно да седне на клупата на Барселона, иако неговата позиција во ПСЖ е доста стабилна, исто како и таа на Ханси Флик во тренерскиот штаб на каталонскиот великан, објавува „Спорт“.
И дефинитивно некоу љубови се вечни, а една од нив е токму онаа што се создаде помеѓу Енрике и Барселона. Големата страст заопочна во средината на деведесеттите години од минатиот век кога пристигна на Камп Ноу како играч, а својата врска со актуелниот шампион на Шпанија ја продолжи на тренерската клупа на Барса со која во 2015 година ја освои и ЛШ.
Во меѓувреме, се искачи на врвот на Европа со ПСЖ и играше во финалето на Светското клупско првенство, но трофејниот шпански тренер сè уште имал желба да се врати во својот сакан клуб. Како што објави еден познат каталонски весник, во Барселона се одржуваат избори следната година, а тоа би можело да биде првиот значаен чекор што би го забрзало враќањето на Енрике во Барселона.
Неговиот тековен договор со ПСЖ истекува во летото 2027 година, и не е реално да се очекува тој да се врати во Барселона порано, но во меѓувреме, би можеле да се наместат коцките што би дале пореален преглед на незамисливата ситуација во моментов.
Интересно е што Барселона и ПСЖ ќе се сретнат на 1 октомври во второто коло од Лигата на шампионите во најголемиот град Каталонија.

sportmedia.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img