фото: Barca Xtra (X)
Ливерпул активно работи на пронаоѓање потенцијална замена за Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на некои медиуми, моментално вниманието на скаутите на „црвените“ е насочено кон дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси.
28-годишниот Аргентинец се појави како приоритетна цел за клубот, кој во моментов се сметаат за фаворит за потписот на играчот. Ливерпул го гледа како долгорочна опција за зајакнување на нивната централна одбрана.
Договорот на Сенеси со Борнмут е со важност до летото 2026 година, што би можело да влијае на условите за потенцијален трансфер во блиска иднина. Се очекува прашањето за засилување на одбраната да биде едно од клучните за Ливерпул во следниот преоден рок.
sportmedia.mk








