1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаЛишени од слобода возачи од Скопје, Делчево и Тетовско поради пребрзо возење

Лишени од слобода возачи од Скопје, Делчево и Тетовско поради пребрзо возење

- Advertisement -spot_img

Скопје – Четворица возачи од Скопје, Делчево и тетовско се лишени од слобода вчера поради управување со возила со значително надминување на дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во тетовското село Теарце, Ј.Р.(32) од с.Доброште управувал „рено меган“ со брзина од 107 километри на час во населено место каде ограничувањето е 50 километри на час.

На автопатот Скопје-Тетово, А.М.(43) од с.Лисец, тетовско, управувал „бмв“ со германски регистерски таблици со брзина од 176 километри на час, каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.

Во Штип, на ул. „Железничка“, Д.Ц.(48) од Скопје возел „шкода“ со брзина од 107 километри на час на место каде ограничувањето е 50 километри на час.

Во Делчево, Н.Т.(19) управувал „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 128 километри на час на бул. „Македонија“, каде ограничувањето е 60 километри на час.

По целосно документирање на случаите, против сите четворица ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img