-0.2 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаЛишени од слобода 66 лица за предизвикување пожар на отворено

Лишени од слобода 66 лица за предизвикување пожар на отворено

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 27.10.2025 година, регистрирани се вкупно 2.197 пожари на отворен простор, при што лишени од слобода се вкупно 66 лица, а по преземени мерки поднесени се 45 кривични пријави.

– Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.  Од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 27.10.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми. Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите – велат од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img