1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЛидерска средба во Клубот на пратеници - Мицкоски ја оцени како „политички...

Лидерска средба во Клубот на пратеници – Мицкоски ја оцени како „политички дијалог за иднината на Македонија“

- Advertisement -spot_img

Денеска со почеток од 12 часот, во Клубот на пратеници започна лидерската средба која ја предложи премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата Вреди.

Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левицата и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го одби повикот на Мицкоски и не дојде на денешната средба.

Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Пред почетокот на лидерската изјава даде Апасиев, кој ги повтори барањата на Левицата – промена на Изборниот законик, укинување на техничката влада и една изборна единица.

Во кратката објава на Фејсбук, Мицкоски ја оцени оваа средба како „Политички дијалог за иднината на Македонија!“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img