Бура реакции има во Бугарија откако македонски доктор прегазил куче пред зграда во Софија.
Инцидентот се случил за викендот во населбата Расадника, а вознемирувачка видео снимка од безбедносните камери масовно се споделува на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како автомобилот излегува од поздемен паркинг и го прегазува кучето кое лежи пред зграда, а потоа возачот застанува, излегува од возилото и откако гледа што направил, го напушта местото.
Бугарските медиуми пишуваат дека се работи 29-годишен лекар од Македонија кој работел во Военомедицинската академија во Софија.
Во полиција тој негирал дека намерно го прегазил кучето. Обвинителстото отворило предистрага и го испитува случајот. Бугарските медиуми пишуваат дека законот предвидува затвор и до осум години ако се утврди намера.








