домаШоубизЛегендата се враќа: Пристигнува новиот Мицубиши Пајеро

Легендата се враќа: Пристигнува новиот Мицубиши Пајеро

- Advertisement -spot_img

„Mitsubishi“ го потврди враќањето на легендарното име „Pajero“, кое не се користи од 2021 година. Новиот теренец ќе биде претставен на есен, а продажбата ќе започне следната година.

Новиот Pajero ќе биде вистински теренски модел со шасија преземена од пикапот Triton, но со специјално развиена суспензија и сосема поинаков ентериер фокусиран на удобност.

Мицубиши, исто така, го потврди враќањето на името Монтеро, кое би можело да се користи за северноамериканскиот пазар.

Интересно е што јапонската компанија има уште поголеми планови за овој модел.

Пајеро повеќе нема да биде само еден автомобил, туку цела фамилија на теренци. Планирани се уште најмалку два нови модели базирани на Пајеро.

Иако техничките детали сè уште не се познати, се очекува новиот Pajero да добие погон на сите четири тркала и моќни бензински мотори или plug-in хибридни системи.

Дизел опцијата од Triton веројатно нема да биде достапна на сите пазари.

Враќањето на Pajero е дел од големата стратегија на Mitsubishi, која планира да лансира дури 13 нови модели до 2032 година. Меѓу нив ќе бидат SUV модели, пикапи, градски автомобили и миниванчиња, додека пет возила ќе користат хибриден погон, а пет ќе користат целосно електричен систем.

Засега нема најави за спортски автомобил во гамата, но „Мицубиши“ очигледно сака „Пајеро“ повторно да стане еден од клучните модели на брендот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img