домаМакедонијаЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес

ЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес

- Advertisement -spot_img

Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите, велат од ЛДП

„Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите стандарди.

Во случајот со Стевчо Јакимовски, јавноста со право го поставува прашањето: како е можно постапки за кои денес некој се осудува, истовремено да бидат претставувани од актуелната власт како пример за „ефикасност“, „надминување на административни блокади“ и „заштита на јавниот интерес“?

Да потсетиме само пред неколку месеци актуелната власт предложи законски измени кои беа образложени како механизам за побрза реализација на објекти од јавен интерес и надминување на административните блокади. Според образложението, целта беше да се олесни изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и други капитални проекти преку поедноставени процедури“, соопшти ЛДП.

„Токму затоа денес граѓаните со право бараат одговор на едно суштинско прашање: Ако заобиколувањето на одредени административни процедури е оправдано кога се повикува на јавен интерес, тогаш по кој принцип слични постапки во други случаи се третираат како криминал?

Кога институциите испраќаат различни пораки за слични постапки, неизбежно се создава чувство на нееднаквост и селективност. А токму таквата перцепција ја поткопува довербата во системот повеќе од која било политичка дебата.

ЛДП не навлегува во судски постапки и не пресудува наместо судовите. Но, сметаме дека државата има обврска да обезбеди јасни, предвидливи и еднакви правила за сите. Она што е недозволиво во еден случај не смее да биде претставено како доблест во друг, а она што се оправдува со јавен интерес денес не смее утре да биде предмет на различен аршин.

Само преку доследна примена на законите, независни институции и еднаков третман за сите граѓани може да се врати довербата во правната држава“, се наведува во соопштението на ЛДП.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img