домаМакедонијаЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

- Advertisement -spot_img

ЛДП преку соопштение бара одговорност од надлежните институции поради ширењето на западнонилската треска во земјава, откако се регистрирани заболени и првиот смртен случај.

Од партијата велат дека институциите не смеат да молчат и да ја префрлаат одговорноста едни на други, бидејќи станува збор за прашање што директно го засега јавното здравје и безбедноста на граѓаните.

Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, а во земјава се потврдени 26 случаи и еден смртен исход.

„Што правеа институциите додека растеше бројот на заболени? Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја?“, прашуваат од ЛДП.

Од партијата бараат и информации за средствата обезбедени за итни мерки, како и одговор на прашањето кој ќе понесе одговорност доколку превентивните мерки биле преземени со задоцнување.

ЛДП смета дека граѓаните не смеат за вакви сериозни здравствени ризици да дознаваат преку медиумите и социјалните мрежи, наместо навремено и директно да бидат информирани од институциите.

„Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина“, велат од партијата, повикувајќи ги Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи јавно да информираат што презеле досега и кои мерки ќе ги спроведат во наредниот период.

Од ЛДП бараат да биде прецизирано и кој е одговорен за спроведувањето на секоја од мерките.

„За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција“, порачуваат од ЛДП.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img